Две лица загинаа во руски напади во Украина

Најмалку две лица загинаа во руски напади во источна и централна Украина, соопштија денеска украинските власти.

Во регионот Кировоград, во централна Украина и далеку од линијата на фронтот, во ракетен напад врз индустриски инсталации загина едно лице, а осум се ранети, објави гувернерот Андриј Рајковиќ на Телеграм.

Вчера едно лице загина, а три се повредени во областа Доњецк, епицентарот на борбите, каде што руските сили нападнале 11 села, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Телеграм.

Гувернерот на областа Днепропетровск објави дека две лица се ранети денеска од артилериски оган во Никопол, град покрај реката Днепар кој е и линијата на фронтот меѓу украинската и руската армија во оваа област.

Прочитајте и:  САД се блиску до одлука за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел во Украина
- Реклама -