Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласаа иницијативата за враќање на споменикот на Ќосето

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето, информираат од најголемата опозициска партија.

„Сметаме дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, тие велат дека „се фрапирани од антимакедонското однесување на СДС“ која се противела на поставување на спомен обележјето, што, како што велат, претставува продолжување на нивните политики за разградување на македонското јадро.

„По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива“, додаваат од партијата.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев
- Реклама -