Дигиталните концерти на шведската група АББА во Лондон, каде со помош на висока технологија „настапуваат“ дигитални верзии, аватари, во првата година од одржувањето донесоа добивка од 371 милион евра.
Истовремено, овие „настапи“ му донеле и на Лондон нето добивка од околу 205 милиони евра нето добивка за градот Лондон.
Фановите можат да одат на виртуелен концерт на АББА од мај 2022 година, а на самите концерти, придружувани од бенд во живо, настапуваат аватари (во случајов наречени „АББАтари“) според ликовите на Бјорн Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фалцки и Ани-Фри Лингстад, изведуваат околу 20 песни за време на 90-минутниот концерт.
Холограмите на членовите на бендот се претставени во карактеристични блескави костими, додека осветлувањето и специјалните ефекти се задолжени за создавањето на илузијата во наменски изградената арена во источен Лондон.
Цената на влезниците за концертот на аватарите на АББА за неколку датуми следното лето е нешто повеќе од 100 фунти – цена што е споредлива со цената на влезниците на концертите на американската и глобална актуелна поп-ѕвезда Тејлор Свифт, која неодамна „Тајмс“ ја прогласи и за личност на годината.