Иран се закани со „затворање на Медитеранот“ и други водни патишта, не открива како

Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило.

– Тие наскоро ќе дочекаат затворање на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор на командантот на гардата, пренесува Ал Џезира.

Белата куќа претходно соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против комерцијалните бродови во Црвеното Море, додека бунтовниците Хути инсистираат на тоа дека не им треба помош од Иран за нападите.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -