САД повикуваат на колективна меѓународна акција: Иран е „длабоко вклучен“ во нападите врз трговските бродови во Црвеното Море

Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против трговските бродови во Црвеното Море, а неговото разузнавање игра клучна улога во способноста на јеменските бунтовници Хути да напаѓаат бродови, соопшти денеска Белата куќа.

Хутите поддржани од Иран, кои велат дека ги извршуваат своите напади за поддршка на Палестинците во Газа, ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили, принудувајќи ги бродските компании да ги пренасочуваат бродовите, одејќи по подолгата рута околу Ртот Добра надеж.

„Знаеме дека Иран е длабоко вклучен во планирањето операции против трговскиот брод во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната политика на Иран за поддршка и охрабрување на дестабилизирачките активности на Хутите во регионот“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност при Белата куќа Адриен Вотсон.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

„Ова е меѓународен предизвик кој бара колективна акција“, додаде Вотсон.

Иран негира вмешаност во нападите на Хутите во Црвеното Море.

МИА

- Реклама -