Куба денеска стана втората земја во Јужна Америка и Карибите која ја одобри евтаназијата.
Националното собрание на таа држава, по Колумбија, ја усвои мерката како дел од законот што ја формира правната рамка на нацијата за универзален и бесплатен здравствен систем.
„Правото на луѓето да умрат со достоинство е признаено во одлуките за крајот на животот, кои може да вклучуваат ограничување на терапевтскиот напор, континуирана или палијативна нега и валидни процедури со кои се завршува животот“, се вели во финалниот нацрт на законот.