Здравствената состојба на Селин Дион е алармантна


Пејачката Селин Дион (55) боледува од невролошко пореметување наречено „синдром на вкочанета личност“.

Оваа тешка, неизлечива болест погодува еден од милион луѓе, а Селин пред околу една година откри дека и таа била погодена. Таа ретко се појавува во јавноста, а сега нејзината сестра откри дека е во лоша форма и дека повеќе не може да ги контролира сопствените мускули.

Сестрата на пејачката, Клодет (74) за француските медиуми објаснила како се чувствува Селин Дион, чие тело ги „напаѓа“ сопствените нервни клетки.

“Таа се труди, но веќе нема контрола на мускулите. Ми се крши срцето што секогаш беше толку дисциплинирана и вредна, нејзината мајка секогаш и велеше да работи напорно, да прави се како што треба. Во нашите соништа целта е да се врати на сцената. Но на кој начин не знаеме“, изјави Клодет за „7 jours“.

Синдромот на вкочанета личност е болест која науката сè уште ја истражува, но напредокот не е брз.

-И срцето и гласните жици се мускули, тоа влијае на нас. А бидејќи ситуацијата е „еден во милион“, научниците не истражиле доволно податоци, бидејќи тоа е исклучително редок синдром. Некои од заболените губат секаква надеж. Селин добива пораки од обожавателите, тие и испраќаат љубов и молитви, подароци…, рече таа.

Сестрата на Селин Дион претходно откри дека пејачката соработува со најистакнатите стручњаци во областа на оваа ретка болест, но дека нема напредок во состојбата.

„Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да не губиме надеж“, изјави Клодет.

Луѓето кои страдаат од синдром на вкочанета личност имаат проблеми со говорот и движењето, а понекогаш се претвораат во „човечки статуи“. Вкочанетоста може да предизвика и мускулни грчеви, доволно силни за да се скрши коска. Дијагнозата обично се поставува на возраст од 30 до 50 години, а повеќе ги погодува жените отколку мажите.

- Реклама -