Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека премногу цивили загинале во конфликтот меѓу Израел и Хамас и го обнови својот повик за „одржлив прекин на огнот“ за да се овозможи ослободување на заложниците.

Портпаролот на Сунак посочи дека одржливиот прекин на огнот значи траен прекин, но додаде дека Велика Британија не се залага за целосен и итен прекин на огнот.

Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел ја губи поддршката поради „недискриминирачкото“ бомбардирање на Газа и дека Бенјамин Нетанјаху треба да ја промени својата стратегија.

„Јасно е дека се изгубени премногу цивилни животи. Затоа ние сме доследни… во нашиот повик за одржлив прекин на огнот во кој заложниците ќе бидат ослободени, ракетите престануваат да се истрелуваат врз Израел од Хамас.“ и продолжуваме да пружиме поголема помош“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Газа, од 7 октомври во израелските напади во Газа убиени се 19.453 лица.

МИА

- Реклама -