Инцидент на протестот на опозицијата во Србија поради изборна кражба, лидерите штрајкуваат со глад

Во Белград, пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), започна протестот на повеќе илјади граѓани поради „изборна кражба“ на изборите за град Белград. Лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) се наоѓаат во РИК со доказни материјали за изборната кражба, ќе бараат поништување на белградските избори, прочистување на избирачкиот список, а Мариника Тепиќ од ССП и носителот на листата СПН Мирослав Алексиќ изјавија дека стапуваат во штрајк со глад во РИК сè до исполнување на барањата на опозицијата.

На почетотко на протестот пред РИК, дојде до инцидент кога „неидентификувана група на граѓани“ се обидоа да ја урнат заштитната ограда пред РИК и насилно да влезат внатре, при што дојдоа во судир со обезбедувањето на РИК, по што беа остранети од обезбедувањето на СПН.

Граѓаните фрлаат тоалетна хартија и јајца кон РИК, а се уште поединци, окарактеризирани како провокатори, се обидуваат поединечни да влезат во РИК. Граѓаните масовно викаат-Вучиќ крадецу и Нема да се предадеме.

Претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП), Драган Ѓилас, изјави дека одлуката на Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ да штрајкуваат со глад е „многу тешка и нивна жртва“.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Како што рече, огромен број луѓе дошле пред РИК, бидејќи „не го прифаќаат тоа што се случи вчера“.

-Прво во Белград, иако таква ситуација имаше низ цела Србија. Во Белград, разликата е што имаше организирано носење гласачи од Р.Српска, но и многу од нив од централна Србија. Рековм, а и сите можеа да ги видат гласачките ливчиња, тие според извештаите на Црта директно влијаеле на прекројувањето на изборната волја на граѓаните на Белград, рече тој.

Тој додаде дека сето ова е документирано.

-И вчера ги снимавте тие настани во Арена, видовте дека министерот за полиција на БиХ гласаше на локалните избори во Белград, како е министерот има жителство во друга држава? „За жал, такви луѓе само во Белград имаше десетици илјади, посочи Ѓилас.

Протестот се уште трае, а делегацијата на СПН е во зградата на РИК.

МИА

- Реклама -