Возач на „мерцедес“ удрил во возило на МВР, двајца повредени

Две лица се повредени од кои едно потешко при судир на „мерцедес“ и возило на МВР рано изутринава во Охрид.

– Во 00.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ се случила сообраќајна несреќа. Станува збор за патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.А. од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Н., на возраст од 37 години, од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А., на возраст од 42 години, од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, се појаснува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Прочитајте и:  Битолчанец ја затворил и брутално ја тепал поранешната партнерка со часови, дури и откако си ги исекла вените од очај

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода, како што се наведува во соопштението, поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Реклама -