Тинејџер исчезнат пред шест години се враќа во Англија

Полицијата во Манчестер соопшти дека работи со француските власти за да го врати Алекс Бати во Британија.

„Моментално е добро згрижен од француските власти… наш приоритет е да го вратиме во Велика Британија кај неговото семејство во Олдам што е можно поскоро, што се очекува да се случи во следните неколку дена“, изјави на прес-конференцијата високиот полициски функционер Крис Сајкс.

Бати, кој во тоа време бил 11-годишно момче, исчезна во 2017 година додека бил на патување со неговата мајка и дедо во шпанска Малага. Сѐ уште не е познато каде се наоѓа неговата мајка.

„Сè уште работиме на утврдување на сите околности околу неговото исчезнување и каде престојувал сиве овие години“, рече Сајкс.

Сајкс рече дека Бати разговарал со својата баба преку видео повик во четвртокот вечерта.