Концертната турнеја на Тејлор Свифт продолжува да урива рекорди

 


Коцертната турнеја на американската пејачка Тејлор Свифт под наслов „The Eras Tour“ го постигна она што се сметаше досега невозможно и нешто што досега не му успеало на ниеден уметник во историјата заработувајќи повече од милијарда долари, пишува американското израени Pollstar, кое ги бележи заработките во шоу-бизнисот.

Прецизирајќи дека станува збор за точно – 1.039.263.762 долари, се истакнува дека заработката ја прави оваа турнеја со најголема заработка на сите времиња во истројата и првата којашто го надминала плафонот од 10 цифри.

Износот е проценка врз основа на извештаите на Pollstar Boxoffice во комбинација со опширно истражување, вклучувајќи ги цените на билетите на секој посебен пазар, рекордните капацитети на секое место и споредливите податоци за турнејата.

Обожавателите купиле вкупно 4,3 милиони билети за турнејата, според пресметките Pollstarр. Исто така, објавено е дека пејачката настапила 24 градови, одржувајќи 60 концерти.

Тејлор Свифт има само 33 години, но во моментов таа не само што е сопственик на 12 Греми награди туку е еден од најплатените уметници во светот, а е и талентиран продуцент.

Сопственичката на хитовите „Shake It Off“ и „I Knew You Were Trouble“ го објави концертниот филм „The Eras Tour“, кој само во првиот викенд од прикажувањето инкасираше 125 милиони долари. Уште пред прикажувањето на филмот, претпродажбата на билетите им донесе на продуцентите 100 милиони долари.

Омилената американска поп-ѕвезда Тејлор Свифт, претходно годинава стана милијардерка. Според индексот на милијардери на Bloomberg, Свифт сега вреди вкупно 1,1 милијарда долари, благодарение на нејзината рекордна турнеја „Eras“, која ѝ помогнала на американската економија ова лето. Bloomberg наведува дека Свифт е една од ретките забавувачи која го постигнала овој статус само врз основа на нејзината музика и настапи.

Поради потресот што го предизвика во музичката индустрија со феноменално успешната турнеја, претходно седмицава Тејлор Свифт беше прогласена за личност на годината во изборот на магазинот Time.

„Да се ​​избере една личност која ќе претставува осум милијарди луѓе на планетата не е лесна задача. Избравме личност која ја претставува радоста. Некој што носи светлина во светот. Таа беше како времето, беше насекаде“, изјави Сем Џејкобс, главен уредник на списанието.

- Реклама -