Водителка на Би-Би-Си покажа среден прст во програма во живо (ВИДЕО)

Водителката на BBC News, Мерјам Мошири, вчера, и тоа на пладне по британско време, покажа среден прст во програма во живо.

Таа не знаеше дека почнало снимањето, па камерата ја фати додека покажуваше среден прст на некој од колегите, веројатно на шега. Веднаш по спорниот миг Мошири се созема и стана сериозна и почна да чита вести како ништо да не се случило… освен што направи уште еден гаф. Темата беше Борис Џонсон и неговите забави за време на пандемијата, но водителката, наместо да каже „coronavirus“, рече „coronaverse“ (што во предвод би му дошло „коронауниверзум“).

Снимката брзо стана вирална, а дел од коментаторите оценија дека вчерашното издание било добра симболика за нејзиниот и професионализмот на Би-Би-Си. Други велат дека и тие исто се чувствуваат во однос на нивната работа, како Мошири со средниот прст кон камерата.

Дел од корисниците, меѓутоа, потсетија и дека ова не ѝ е прв инцидент на водителката. Таа на социјалните мрежи беше вирална и во септември, кога читаше вест за сината Супермесечина. Тогаш, поради технички проблеми, фотографијата не се појави на екранот, па Мошири со раце, покажувајќи круг со прстите, „покажуваше“ и објаснуваше како изгледала Месечината.

- Реклама -