Мицкоски: Власта стои зад булументата која креира етнички тензии, на ВМРО-ДПМНЕ не ѝ е во прилог дестабилизиција сега кога е пред сигурна победа

Зад оние кои шират меѓуетнички тензии стои власта, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, во интервју на ТВ „Шења“.

„Тој полусвет, таа болумента сакаше да предизвика меѓуетнички тензии. Затоа алудираа, кажуваа дезинформации како оние дека е на Косово однесена и слично“, рече Мицкоски, мислејќи на убиената Вања Ѓорчевска и бројните шпекулации, вклуително и на етничка основа, кои се ширеа на социјалните мрежи.

„Таа булумента е контролирана од власта. Врз основа на информациите кои ние ги имаме и врз основа на она што го следиме и што се случува кај овој полусвет кој е присутен на медиумите, доаѓаме до тој заклучок, затоа што во јавноста беа лиферувани овие информации. Која е причината?“, прашува Мицкоски.

Според него, треба да се гледа кому му одговараат вакви наративи и вакви тензии. Многу јасно е, рече, дека тоа не е ВМРО-ДПМНЕ.

„Кому му одговара денеска дестабилизација на Македонија, кому му одговара кризна состојба, кому му одговараат меѓуетнички тензии? Зошто ова би му одговарало на ВМРО-ДПМНЕ кога има неколку месеци пред избори, чиста ситуација, огромно мнозинство на следните избори, победа која е сигурна? Чуму му е сето ова на ВМРО-ДПМНЕ и на нормалниот питом македонски граѓанин, без разлика од која етничка припадност е?“, посочи Мицкоски.

Тој предупреди дека во овие четири месеци до изборите може сè да се очекува, вклучително и било какви кризи и тензии.

„Немојте да се изненадите ако предизвикаат тензија, криза без разлика дали е безбедносна или етничка“, рече Мицкоски.

Тој зборуваше и за личните напади кон него и неговото семејство. Портали блиски до власта, посебно портал достса близок до функционер од власта, обвини, шири само дезинформации.

„Портал близок до функционер на власта на ден Прочка објавува текст дека семејната куќа на мојата сестра, зетот, внуката, е мој скриен имот кој вреди милион евра. Врска нема таа работа. Нормално ли е тоа да се пишува? Јас покренувам судски процес кој го добивам и судот вели дека е клевета, односно дека порталот клевети, а тие од порталот велат дека слободата на изразување е доведена под прашање. Тоа ли е слобода на изразување – плукајте по Христијан Мицкоски? Тие ќе одговараат“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Обвини и дека ликови како Љупчо Палевски – осомничениот за двојното свирепо убиство, се производ токму на власта која го заштитува и охрабрува на таквото однесување. Власта стоела и зад порталот на кој Палевски ширел омраза, според Мицкоски.

„Плукајќи ме, навредувајќи ме, па дента посвети емисија на мене, каде што поканија гостин кој што повикуваше на бесилка, да ме бесат. И во ред. Јас ќе го истрпам тоа“, вели Мицкоски.

Прашан дали ги пријавил овие навреди и говор на омраза, Мицкоски рече:

„Кога и каде да пријавам? Па зарем некој има дилема дали функционираат институциите“.

Тој рече дека кога се нафатил да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил свесен дека ќе биде мета на напади, но не и дека мета ќе бидат и неговото семејство и неговите деца.

„Јас кога се нафатив на оваа работа, бев свесен дека можеби нема да имам мирна пензија. Но, што има врска моето семејство и моите деца?“, реторски праша Мицкоски.

И неказнивост од страна на институциите создава плодна почва за ликови како Палчо, кои се сметаат за семоќни, рече Мицкоски.

„Затоа денеска ни се случуваат вакви ликови како овој што го споменавме кој што мисли дека е семоќен, кој мисли дека нему тоа право му припаѓа. И потоа за жал деца ги губат своите животи“, заклучи тој.

- Реклама -