Мицкоски: Истрагата за Вања започнува предоцна, имам озбилни информации за ова што го тврдам

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата, погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога за жал малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Интервју“ на Телевизија Шења.

Запрашан од страна на новинарот дали тоа според него значи ненавремено реагирање, Мицкоски се сложи и кажа апсолутно тоа е така.

„Но тоа сега нема да го дискутираме тоа бидејќи како политичка парија а лично и јас бевме надвор од сето ова намерно за да не се создава впечаток како они што создаваа со децата од Смилковско и малата Тамара, затоа не се мешавме и воопшто да не влијаеме на процесот за да не бидеме лошо сфатени. Но, за месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се озбилни“, кажа Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

Запрашан за тоа зошто не се реагирало брзо, тој посочи дека ќе дојде денот кога и на ова прашање ќе дадат одговор, бидејќи сега е залуден одговорот.

„Од Спасовски со месеци наназад баравме оставка, него му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, него му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и него око не му трепна. Напротив тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања“, заклучи Мицкоски.

- Реклама -