Џејн Фонда (85): Моето момче мора да има 20 години, не ми се допаѓа остарената кожа

 


Оскаровката Џејн Фонда (85) во ново интервју изјавила дека моментално не е во врска и откри каков партнер сака.

-Се срамам да го кажам ова, но ако повторно почнам да излегувам со некого, тој мора да има 20 години, рече таа во подкастот „Апсолутно не“ на Хедер Мекмахан.

Водителката потоа ја прашала зошто сака 20-годишно момче.

-Затоа што не ми се допаѓа остарената кожа, одговори таа.

Фонда беше во брак три пати: со Роџер Вадим од 1968 до 1973 година, со Том Хејден од 1973 до 1990 година и со Тед Тарнер од 1991 до 2001 година.

-Татко ми беше женет пет пати. Застанав на три брака бидејќи едноставно сфатив дека немам дарба да одржувам врска, изјавила таа претходно во интервју за магазинот Harper’s Bazaar.



- Реклама -