АТП награди за 2023 година

Novak Djokovic of serbia in action against Casper Ruud of Norway during the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022.ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Светската тениска асоцијација (АТП), ги објави кандидатите за овогодинешните награди кои ќе им припаднат на најдобрите тенисери и тренери.

На листата кај играчите нема премногу изненадувања и прв фаворит е Новак Ѓоковиќ, но се очекува далеку поголема неизвесност во конкуренцијата кај тренерите.

Српскиот ас имаше феноменална сезона и сосема заслужено е на врвот на оваа листа, а зад него следи Шпанецот Карлос Алкараз, кој доживеа неколку неочекувани порази, но сепак, имаше блескава сезона и успеа да триумфира на Вимблдон, а воедно беше и единствениот кој барем накратко го „симна“ Ѓоковиќ од светскиот трон.

Во конкуренција кај тренерите, прв фаворит е Горан Иванишевиќ (тренер на Ѓоковиќ), а зад него е Хуан Карлос Фереро, кој работи со Карлос Алкараз. Тука се уште Дарен Кејхил и Сомоне Вајнози, кои се тренери на Јаник Синер, како и првиот тренер на Хурберт Хуркач, Крег Бојнтон.

Во оваа конкуренција се најде и Брајан Шелтон, кој е татко и тренер на американската сензација, Бен Шелтон, а во исто време е познат во светот како човекот кој го критикуваше Ѓоковиќ и во неколку наврати јавно го „нападна“ српскиот тенисер.

Официјалното доделување на АТП наградите ќе се случи на почетокот на 2024 година, а дефинитивниот датум се очекува да биде соопштен до средината на декември.



- Реклама -