Османи: Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, информира дека на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на Организацијата во Виена постигнат е консензус Малта да биде следната земја претседавач со регионалната безбедносна организација за 2024 година.

„Одлични вести од Виена! Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024. Одлуката ќе бидат потврдени на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката“, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Решението за Малта е постигнато по неколку неуспешни обиди да се постигне консензус за кандидатурата на Естонија да претседава со организацијата во 2024.

Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавање со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска.

Извор: МИА

- Реклама -