Израелската активистка со канадско потекло Вивијан Силвер, која се залагаше за мир со Палестинците, беше убиена во нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.
За Силвер, која се преселила во Израел во 1970-тите и се населила во кибуц, се сметало дека е меѓу 240-те заложници земени од Хамас во Појасот Газа, но со дополнителната идентификација на изгорените остатоци во самиот кибуц утврдено е дека таа загинала таму уште првиот ден.
Силвер беше истакната фигура во неколку групи кои промовираа мир меѓу Израел и Палестинците.
Таа, исто така, волонтирала со група која транспортирала пациенти болни од рак во Газа во израелските болници со цел пружање соодветна медицинска нега.
„Поминавме низ три страшни војни во период од шест години“, рече Силвер во интервју за Асошиејтед прес во 2017 година. „На крајот на третата реков: Нема повеќе. Секој од нас мора да направи сè што може за да ја запре следната војна. И тоа е можно. Мора да постигнеме дипломатски договор“, додаде таа тогаш.
Најмалку 1.200 луѓе се убиени во нападите на Хамас врз Израел, додека повеќе од 11.000 Палестинци досега се убиени во израелската војна во Газа, која трае веќе 39 дена.
МИА