Бајден до израелските заложници: „Издржете, доаѓаме“

Американскиот претседател Џо Бајден им испрати порака на надеж на заложниците на Хамас киднапирани во Израел за време на нападите на 7 октомври.

На новинарско праќање, по обраќање за климатски промени, за заложниците кои се киднапирани повеќе од пет недели, Бајден рече дека „разговарал со луѓето вклучени секој ден“.

„Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали“, рече тој.

За семејствата на повеќе од 200 заложници, Бајден рече дека ја има оваа порака: „Издржете, доаѓаме“.

МИА

- Реклама -