Лидер на Хамас одби да признае дека убивале цивили во Израел

Еден од лидерите на Хамас, Муса Абу Марзук, одби да признае дека палестинската милитантна група убила цивили во Израел, тврдејќи дека цел биле само регрути.

Марзук изјави за Би-Би-Си дека „жените, децата и цивилите се изземени“ од нападите на Хамас.

Тој тврди дека водачот на военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, Мохамед ал Деиф, им наредил на своите луѓе да ги поштедат цивилите.

Според британскиот јавен сервис, неговите тврдења се во целосна спротивност со огромните докази дека членови на Хамас пукале во невооружени возрасни лица и деца.

Израел наведува дека Хамас во нападите на југот на земјата на 7 октомври убил повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Марзук рече дека заложниците кои ги држи Хамас не може да бидат ослободени додека Израел ја бомбардира Газа.

„Ќе ги ослободиме. Но, мораме да ги прекинеме борбите“, рече Марзук.

Марзук е прогласен за глобален терорист од Министерството за финансии на САД и обвинет за неколку точки за координирање и финансирање на активностите на Хамас.

МИА

- Реклама -