Македонскиот репрезентативен ракомет повторно на меѓународната сцена, овој пат на Европското првенство во ракомет.
За околу два месеци сите патишта на ракометните фанови од целиот свет ќе водат кон Германија каде од 10 до 28 јануари ќе се одржува Европското првенство во ракомет, каде свое учество обезбеди и македонската ракометна репрезентација.
Организаторите најавуваат возбудливи и динамични 17 натпреварувачки денови со фантастични 65 натпревари и ветуваат дека ова првенство ќе биде ненадминато, незаборавно и рекордно од сите аспекти.
Македонските ракометни фанови кои редовно ги следат натпреварите на македонските ракометни тимови знаат дека овие првенства значат многу возбуда, многу адреналин, радости и славје.
Ако не сте меѓу оние кои планираат натпреварите да ги следат во живо, тогаш сигурно се прашувате каде и како ќе се гледа ЕП во јануари.
Ексклузивните права за пренос на првенството во Македонија ги има Арена спорт каналите. Тимот веќе се подготвува за преносите од првенството, а кога станува збор за коментарите на Арена спорт на македонската публика и е добро познато дека не се штеди ниту на зборови, ниту на емоции кога се коментира играта на македонските тимови.
Па, доколку Арена спорт каналите сè уште не се дел од вашата телевизиско мени имате време до почетокот на првенството да си обезбедите пристап и да уживате не само во ракометните натпревари, туку и во останатите ексклузивни спортски содржини за кои Арена каналите имаат ексклузивни права за пренос меѓу кои Лига на шампиони, Лига на нации, како и квалификациските натпревари за Европското во 2026 и 2028 година, НБА натпреварите и многу други престижни спортски настани.
Вкупно 16 Арена каналите се дел од понудата и на сателитската телевизија на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.
* Комерцијален текст