Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше за ситуацијата со киднапирањето на родителите на фудбалерот Луис Дијаз.
Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач не се најде во составот на тимот за натпреварот против Нотингем Форест во 10. коло од Премиер лигата.
– Очигледно моравме да направиме доцни промени во тимот поради личната ситуација на Луис Дијаз. Беше тешка ноќ за сите нас. Ова никогаш претходно не се случило во моите тимови. Ова е ново искуство за кое никој не се радува, изјави Клоп за „BBC“.
Претходно се дозна дека родителите на Дијаз биле киднапирани во Колумбија. Мајката на играчот била спасена речиси веднаш, а според локалните медиуми, таткото попладнево е ослободен по престрелката на полицијата со киднаперите.
МИА