Русија во 2023 година регрутирала 385.000 војници

Руските вооружени сили во текот на годината регрутирале 385.000 луѓе, изјавија денеска официјални лица.

Но, Русија не објавува колку војници изгубила за време на 20-месечната офанзива, додека според независните процени бројот на жртвите изнесува десетици илјади.

Москва започна агресивна кампања за регрутирање, нудејќи огромни плати и програми за социјална помош во обид да регрутира војници.

Стапката на регрутирање за договорена воена служба е значително зголемена. Повеќе од 1.600 луѓе секој ден потпишуваат договор со вооружените сили, изјави поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

МИА

Прочитајте и:  Кирби: Погрешно е мислењето дека ракетите АТАЦМС можат да погодат бази во внатрешноста на Русија
- Реклама -