САД испраќаат ракетни одбранбени системи на Блискиот Исток

Пентагон соопшти дека ќе го испрати системот THAAD (Terminal High Altitude Area Defense) на Блискиот Исток, заедно со американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“. Системот THAAD е дизајниран да соборува балистички ракети со краток и среден дострел во последната фаза од нивниот лет.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, исто така, рече дека дополнителен број војници се ставени под „подготовка за распоредување“ во регионот, иако не прецизираше колку, пренесува Би-Би-Си. Во соопштението на Пентагон се вели дека оваа одлука уследи по „неодамнешната ескалација на Иран и неговите посреднички сили низ регионот на Блискиот Исток“.

Нападите врз американските сили во Ирак и Сирија се зголемени откако пред две недели избувна судирот меѓу Израел и Хамас. Откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, САД преместија носач на авиони, бродови и авиони во источниот Медитеран – и ветија дека ќе му обезбедат на Израел дополнителна опрема и муниција.

Прочитајте и:  Трамп: „Среќен Ден на благодарноста на сите, вклучително и на радикално левите лудаци“

МИА

- Реклама -