Русија именуваше нов началник на воздухопловните сили

Русија го именуваше генералот Виктор Афзалов за нов началник на воздухопловните сили, откако неговиот претходник, генерал Сергеј Суровикин, беше сменет од функцијата откако летово го поддржа бунтот на паравоената група Вагнер против владата.

Се верува дека Суровикин одржувал блиски врски со шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна бунт во јуни барајќи смена на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Откако бунтот пропадна, Суровикин не беше виден во јавноста со месеци. Извештајот за неговото разрешување беше објавен ден пред Пригожин и неколку негови блиски соработници да загинат при уривање на приватен авион.

Суровикин командуваше со руските сили во Украина од октомври 2022 година до јануари 2023 година, кога Герасимов го замени на таа функција.

Прочитајте и:  Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен во последните 10 години

МИА

- Реклама -