Францускиот МВР го обвини Бензема дека е поврзан со терористи, барања и да му се одземе Златната топка

Фудбалерот Карим Бензема одржува врски со терористичката организација Муслиманско братско, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманин.

Жестоката реакција на адреса на долгогодишниот француски репрезентативец доаѓа откако Бензема неодамна на социјалните мрежи го нарече „неоправдано израелското бомбардирање цивилни цели во Газа“.

„Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неоправдани бомбардирања што не ги поштедуваат ниту жените, ниту децата“, напиша на социјалните мрежи Бензема, кој ова лето го напушти мадридски Реал и потпиша за саудиски Ал Итихад.

Францускиот министер Дарманин го поврза Бензема како личност која во позитивно светло го пропагира во јавноста милитантното движење Хамас, а уште пожестока реакција дојде од француската политичарка Валери Боје, која повика да му биде одземена на Бензема престижната награда „Златна топка“ која ја освои во 2022 година.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

МИА

- Реклама -