Над 60 повредени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа

Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија.

Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал Арабија“.

Локалната полиција соопшти дека привела пет лица, а на протестот 65-годишен маж имал срцев удар, по што починал во болница.

Советот за национална безбедност на Израел вчера ги советуваше израелските граѓани да ја напуштат Турција „што е можно поскоро“ заради нивна лична безбедност.

МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -