Мецола: Хамас е терористичка група која е пречка за оправданите стремежи на Палестинците и мора да биде запрена

Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците, таа е пречка за нив и мора да биде запрена, изјави денеска претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која минатиот петок беше во Израел, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Реалноста на теренот е ужасна, трагична и очајна“, истакна Мецола за последиците од нападот на Хамас врз Израел на почетокот на месецот.

„Во прашање беа животи на невини луѓе, Хамас вршеше масовни убиства, киднапирања и силувања, мачења и сквернавење на мртвите. Нема оправдување за тоа“, изјави таа.

„Во Израел отпатував на покана на Кнесетот како израз на нашето заедништво, тоа патување беше едно од најтешките работи што морав да ги преземам како претседател на ЕП“, додаде Мецола.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

ЕП секогаш ќе се залага за решението со две држави и траен мир, додада таа.

„Морам да работам за безусловно ослободување на заложниците и хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна“, инсистира Мецола.

МИА

- Реклама -