Брнабиќ одбила да биде дел од заедничката фотографија на учесниците на самитот на Берлискиот процес

Српската премиерка Ана Брнабиќ одби да биде дел од официјалната фотографија на учесниците на самитот на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана.

-Таа им се придружи на учесниците дури откако на плоштадот пред „Пирамидата“ почна настапот на фолклорните групи на малцинските заедници во Албанија. На овој начин таа ја следеше истата постапка на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кога одби да се фотографира на форумот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес, наведуваат медиумите.

Додаваат дека „причина за нефотографирањето на Дачиќ било знамето на Косово“.

-Околу еден час и 20 минути лидерите на ЕУ и Балканот уживаа во моментите од спектаклот што го приредија фолклорните групи, меѓу кои и на македонската, српската, ромската, грчката заедница. Тие го покажаа соживотот и зачувувањето на нивните традиции во Албанија, посочуваат медиумите.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид

МИА

- Реклама -