„Гардијан“ отпушти карикатурист по 40 години работа поради карикатура на Нетанјаху

Британскиот весник „Гардијан“ го отпушти својот карикатурист Стив Бел по повеќе од 40 години работа поради „антисемитска карикатура“ на Бенјамин Нетанјаху.

Бел изјавил дека весникот „Гардијан“ го отпуштил поради карикатура за која е оценета дека е антисемитска, пренесува Н1.

„Ми беше кажано дека повеќе не се подготвени да ја објавуваат мојата работа по карикатурата на Бенјамин Нетанјаху“, изјави Бел за британските медиуми.

На карикатурата се гледа како Нетанјаху носи боксерски ракавици и држи скалпел над својот голи стомак додека прави засек во форма на Газа, со натпис: „Жители на Газа, излезете веднаш“.

МИА

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција
- Реклама -