Според израелската амбасадорка во Лондон во Газа нема хуманитарна криза

Амбасадорката на Израел во Обединетото Кралство, Ципи Хотовели, оцени дека нема хуманитарна криза во Газа, иако комесарот на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, предупреди дека хуманитарната криза во Газа достигна критична фаза.

На прашањето на новинарката на Скај њуз каков е нејзиниот став за хуманитарната криза, Ципи Хотовели рече дека „Нема хуманитарна криза“.

„Израел е одговорен за безбедноста на Израелците, Хамас е одговорен за безбедноста на Палестинците. Ова е време кога Хамас мора да ја плати цената“, рече Хотовели.

Таа тврди дека Хамас ги спречува луѓето да се евакуираат и дека на Палестинците им се дава можност да го напуштат Израел.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

„На луѓето во Израел не им беше дадена шанса да бидат безбедни, тие беа масакрирани во своите кревети“, рече амбасадорката.

Споредувајќи го одговорот на Израел на Хамас со одговорот на Велика Британија на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, таа рече дека „го гаѓавте Дрезден бидејќи знаевте дека тоа е единствениот начин“.

„Овие злосторства се такви што ниту еден западен лидер не може да издржи и да каже дека можеме да продолжиме понатаму“, посочи Хотовели.

МИА

- Реклама -