МОК го суспендираше Олимпискиот комитет на Русија

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го суспендираше денеска Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) на „неодредено време“.

Одлуката доаѓа откако ОКР ги призна регионалните комитети на четирите украински територии кои Русија ги анектираше по инвазијата која ја започна во февруари лани.

ОКР претходно денеска ги призна олимписките комитети на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

МОК соопшти дека признавањето на овие области претставува „кршење на Олимписката повелба, бидејќи го крши територијалниот интегритет на Националниот олимписки комитет на Украина“.

Суспензијата значи дека ОКР „веќе нема право да функционира како Национален олимписки комитет“ и „не може да прима какви и да е средства од МОК“.

Во својата реакција ОКР ја нарече суспензијата „уште една контрапродуктивна одлука зад која очигледно стојат политички мотиви“.

Прочитајте и:  Турција бара од САД да биде изземена од санкциите за рускиот гас

МИА

- Реклама -