ВМРО-ДПМНЕ: Груби заборавил на фотелјата на која оставил дупка од седење и фалбите за дружби со Груевски и Мијалков

„Груби е очигледно нервозен, ако сака намерно да ги заборави некои работи можеме да го потсетиме на фотељата во ВМРО-ДПМНЕ на која оставил дупка од седење и дружење со Груевски и Мијалков“, реагираат од најголемата опозициска партија во врска со изјавите на првиот вицепремиер во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.

Очајот на двете партии од властса е правопропорционален со лагите на Груби кои јавно ги изнесува, а, судејќи според последното интервју, очајот достигнал алармантно ниво, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Конфузните и контрадикторните изјави на Груби се доказ дека е нервозен. Може да се прави паднат од Марс, но и врапците знаат дека стои позади секој поголем криминал или коруптивна зделка во Македонија и за тоа ќе има одговорност“, порачува опозицијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Дополнително, Груби сака намерно да заборави некои работи или истите да ги покрие со некои негови фикции. Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотеља, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата. Ако сака и ако е спремен може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и фалбите за другарувањето со Груевски и Мијалков?“, се додава во реакцијата.

- Реклама -