Војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година, вели рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека војната во Украина ќе трае најмалку до 2025 година.

„Специјалната воена операција ќе трае најмалку до 2025 година“, рече тој. „Со доследно спроведување на мерките и плановите за активности до 2025 година ќе ги постигнеме поставените цели“, вели Шојгу.

Објавата на Шојгу ја сподели на X (Твитер) Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи.

Во неговиот коментар тој прашува за какви цели станува збор. „Какви цели си поставија? Руската армија целосно ќе се распадне? Ќе има „негативна офанзива“ сè до Москва? Сè можно ќе биде украдено од рускиот буџет до 2025 година?“, се прашува Герашченко.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

МИА

- Реклама -