Моравјецки: Полска повеќе не испорачува оружје на Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито.

„Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје“, рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито.

МИА

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена
- Реклама -