Ескобар: САД не избираат влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања

САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

Прашан каква порака има за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Ескобар рече дека нема никого да подложува на тортура овде, но дека очекува отворена размена на гледишта и дека ќе има нешто повеќе да каже за јавноста по состанокот.

„Нема никого да подложувам на тортура овде. Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања и единствената работа за која што ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја даваме на сите во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа да биде јасна порака“, изјави Ескобар, одговарајќи на новианарско прашање.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

МИА

- Реклама -