Резников: Војната може да трае долго, ќе имаме болни загуби, но на крајот ќе победиме

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека војната со Русија може да трае долго и со болни загуби за украинската страна, но дека Украина дефинитивно ќе победи.

„Имаме многу подмолен непријател. Војната може да биде долга, бидејќи е вистински маратон. Допрва ќе имаме болни загуби. За да ги победиме Русите и да не го пренесеме овој проблем на идните генерации, мора да разбереме дека главната работа е набавката на оружје“, нагласи министерот говорејќи на „VI Меѓународен форум на ветерани“, пренесе ТСН.

Според него, победата не е поврзана само со деокупација на територијата, туку, како што наведе, важно е да се направи се што е можно за окупаторите никогаш да не помислат да се вратат.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

„Меѓутоа, тоа е тешка задача. Многу луѓе во светот сè уште веруваат дека тоа е невозможно. Меѓутоа, Украинците веќе докажаа дека имаат поинаква идеја за тоа што е можно, а што е невозможно, така што ние сигурно ќе победиме“, рече украинскиот министер за одбрана.

Резников кажа дека ако минатата година на Украина и требаше оружје за да преживее, сега клучот за победата на Украина е „она што луѓето го чувствуваат“ – единство и подготвеност за борба“.

МИА

- Реклама -