Бербок: Украинските напади со беспилотни летала врз Русија се во согласност со меѓународното право

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска оцени дека сѐ почестите напади на украински беспилотни летала на руска територија се во согласност со меѓународното право.

„Русија ја нападна Украина и поради тоа Украина има право загарантирано со Повелбата на ОН да ја брани сопствената земја и својот народ“, рече Бербок, одговарајќи на прашање за можната опасност од ширење на конфликтот поради украинските напади со беспилотни летала во Подмосковље.

Според неа, Русија „безмилосно бомбардира цивилни цели во Украина, силоси за жито, болници и цркви“, додека Украина се брани во рамките на меѓународното право.

Бербок тоа го кажа на заедничката прес-конференција во Берлин со нејзиниот естонски колега Маргус Цахкна.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

„Украина го следи меѓународното право и мораме да бидеме јасни во врска со тоа. Не зборуваме само за завршување на војната, туку и за следење на мировниот план на претседателот (Володимир) Зеленски. Тоа значи – потиснување на Русија во Русија“, рече Чахкна.

МИА

- Реклама -