Бајден: Путин мислеше дека НАТО ќе се распадне – погреши

НАТО е „посилен, поенергичен и пообединет“ од кога било во својата историја, изјави американскиот претседател Џо Бајден по завршувањето на самитот на Алијансата во Вилнус, пренесе Скај Њуз.

Американскиот претседател кажа дека Владимир Путин веројатно „се обложувал дека НАТО ќе се распадне“ кога ја почна својата инвазија врз Украина минатата година.

„Тој мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби… погреши“, рече Бајден, за што доби  аплауз од публиката.

Американскиот претседател со достоинство ѝ оддаде почит на Украина за одбраната на нејзината територија.

„Народот на Украина остана нескршлив“, додаде тој.

Бајден додаде и дека рускиот претседател „сè уште се сомнева во големината на моќта на НАТО и прави лоша пресметка дека западните партнери „ќе се распаднат“.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

МИА

- Реклама -