Четири лица загинаа при бомбардирање на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Украина

Четири лица се убиени во Украина при руско бомбардирање на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош во Орихово, изјави денеска регионалниот гувернер, опишувајќи го нападот како „воено злосторство“.

„Погодија центар за дистрибуција на хуманитарна помош во станбен дел… Четири лица загинаа на лице место, жени на 43, 45 и 47 години и маж на 47 години“, напиша гувернерот Јуриј Малашко на социјалните мрежи.

Прочитајте и:  Шолц: Германија нема да прекине со давањето воена помош на Украина
- Реклама -