При руски напад врз Первомаиски повредени над 30 лица

Најмалку 31 лице, од кои девет деца, се повредени во руски напад врз украинскиот град Первомаиски во областа Харков.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак истакна дека помеѓу повредените се и две бебиња.

Рускиот напад се случи за време на погребот на украинскиот војник Олег Фадејенко, кој почина во болница од тешка рана добиена во близина на Бахмут.

МИА

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина
- Реклама -