ДУИ шокирани од одлуката на САД да го стават Мерко на „црната листа“

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е „шокирана од одлуката на Стејт департментот“ да го прогласи струшкиот градоначалник од нивните редови, Рамиз Мерко, за непожелна личност на САД. Сепак, од ДУИ велат дека ќе ја почитуваат одлуката и ќе ја анализираат во наредните денови.

Извори од партијата велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на „интегративците“ – Али Ахмети, со претставници на Американската амбасада, по што ќе одлучи дали ќе побара оставка од Мерко.

ДУИ секогаш била за ветинг на сите функционери, изјави денеска министерот за образование и наука и висок функционер на партијата, Јетон Шаќири.

„ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво“, рече тој, прашан за Мерко.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Извор: МИА

- Реклама -