Сијарто: Обичните луѓе не се одговорни за војната, но сите ја плаќаат цената во форма на вртоглава инфлација

Примарната задача на меѓународната заедница требаше да биде спасување животи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нагласувајќи дека Будимпешта, и покрај нападите и притисоците, останува на својот став и повикува на мир во Украина што е можно поскоро.

Сијарто ова го изјави на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пренесуваат агенциите.

Тој рече дека Европа во моментов се соочува со најтешките економски и безбедносни предизвици од Втората светска војна и дека прашање е дали регионалниот конфликт ќе прерасне во светска војна.

„Некои европски лидери страдаат од воена психоза. Обичните луѓе не се одговорни за војната, но сите ја плаќаат цената во форма на вртоглаво растечка инфлација“, рече шефот на унгарската дипломатија.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

МИА

- Реклама -