Малиар: Украина ослободи осум населени места во последните две недели

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар денеска потврди дека украинските сили ослободиле осум населени места во последните две недели во нивните офанзивни операции, вклучувајќи го и селото Пијатикатки.

„Во текот на двенеделните офанзивни операции на правците на Бердијанск и Мелитопоље, беа ослободени осум населени места“, изјави Малиар во апликацијата за пораки Телеграм.

Официјален претставник во Русија претходно изјави дека Украина повторно го зазела Пиатикатки, село во јужниот регион Запорожје.

МИА

Прочитајте и:  Столтенберг: Украина постигна многу во офанзивата во Курск
- Реклама -