Шолц за уривањето на браната Каховка: „Ова е нова димензија на војната“

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека оштетувањето на браната Каховка во регионот Херсон во Украина е „нова димензија“ на војната во Украина.

Штетата на браната е нешто „што одговара на начинот на кој Путин ја води оваа војна“, рече Шолц, додавајќи дека тоа е развој што се следи со внимание и загриженост.

Германскиот канцелар ја коментираше најновата ситуација во Украина во својот говор на Европскиот форум што го организира јавниот сервис WDR во Берлин.

МИА

Прочитајте и:  Столтенберг: Командата на НАТО за поддршка на Украина ќе почне да функционира во септември
- Реклама -