САД не поддржуваат напади врз Русија, вели Стејт департментот по нападот со дронови врз Москва

САД не поддржуваат воени напади врз Русија, соопшти денеска Стејт департментот по нападот со беспилотно летало врз Москва, што Кремљ им го припиша на украинските сили.

„Ние не поддржуваме напади во Русија. Ние сме фокусирани на обезбедување на Украина со опрема и обука неопходни за повторно преземање на сопствената суверена територија“, се вели во изјавата на портпаролот на американската дипломатија.

Главниот град на Русија рано утринава беше цел на напад на беспилотно летало, што предизвикало „мали“ оштетувања на згради и во кој нема жртви, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нападот на Москва е одговор на рускиот напад врз штабот на украинската воена разузнавачка служба.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

МИА

- Реклама -