Подољак „негира“ вмешаност на Киев во нападот врз Москва: „Можеби дроновите сами решиле да му се вратат на испраќачот“

Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз главниот град на Русија Москва, пренесува германската агенција ДПА.

„Се разбира, ние не сме директно вклучени“, изјавил Михаило Подољак – советник на украинскиот претседател, во радио емисијата на рускиот новинар Александар Пљушчев, кој е критички настроен кон Кремљ.

Подољак со потсмев сугерирал дека „руските дронови можеби им се вратиле на своите испраќачи“.

„Знаете дека се приближуваме до ерата на вештачката интелигенција. Можеби не сите дронови се подготвени да ја нападнат Украина и сакаат да се вратат кај своите креатори и затоа прашуваат: ‘Зошто нè праќате против децата на Украина? На Киев?’ и така натаму“, додал Подољак.

Истовремено, Подољак „предвидел“ и дека бројот на напади на руска територија веројатно ќе продолжи да се зголемува.

Прочитајте и:  Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен во последните 10 години

„Сите луѓе кои веруваат… дека можат да уништат друга суверена држава со апсолутна неказнивост, сè уште не сфатија, и по 15 месеци, дека не можат да ја повторат 2014 година“, рекол советникот на Зеленски, алудирајќи на анексијата на Русија на Крим.

Извор: МИА

- Реклама -