Москва нападната со дронови, Кремљ го обвини Западот за „непромисленоста“ на Киев

Неколку згради во Москва утринава беа оштетени при напад со дронови.

Како што информираше градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм, била предизвикана мала материјална штета на неколку згради и немало потешко повредени, а само две лица побарале лекарска помош.

Според Руското Министерство за одбрана, во нападот учествувале осум беспилотни летала и сите биле уништени со противвоздушни ракети, но, како што велат, неколку од нив паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“.

Според министерството, Киев стои зад, како што беше наречен, „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз главниот град на Русија.

Официјален Кремљ, пак, го обвини Западот за непромисленост.

Прочитајте и:  Кирби: Погрешно е мислењето дека ракетите АТАЦМС можат да погодат бази во внатрешноста на Русија

„Поддршката на Западот за Украина го турка Киев кон сѐ повеќе непромислено однесување. Нападот имаше за цел ширење паника меѓу цивилите“, реагираше руското МНР.

Извор: МИА

- Реклама -