Таравари: Гостивар треба да биде модел во Северна Македонија за меѓуетничките односи

„Гостивар треба да биде модел во Северна Македонија за меѓуетничките односи“, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на дебатата организирана од „ЦИВИЛ – Центар за слобода“, насловена „Граѓански дијалог за односи меѓу заедниците“, која се одржа во салата на Советот на општина Гостивар.

Според Таравари, градот Гостивар е одличен пример за меѓуетнички соживот.

„Во првиот мандат го поставивме знамето на Турција пред општината, додека во вториот мандат го поставивме и ромското знаме и ние сме единствената општина во светот каде се вее ромското знаме. Ако гледате пред општината, се наоѓаат сите знамиња на етничките заедници“, рече Таравари.

Според него, земјата треба да го следи примерот на Гостивар за соживот во мултиетничко општество.

„Често велам и со гордост велам дека Гостивар треба да биде модел за Северна Македонија, град во кој етничките заедници соработуваат и коегзистираат во Гостивар. Соживотот е светол пример за мултиетничко општество. Културниот живот се развива заеднички, секаде, и може да се каже дека се разликуваме од другите општини во Македонија“, истакна Таравари.

Извор: МИА

- Реклама -